Македонија
11. August 2015 - 16:17

Тетовчанец со нож до смрт го избодел својот брат

55 годишниот тетовец со убоди со нож во градниот кош денес го усмртил две години помладиот брат.

Убиството се случило во семејната куќа, а потоа постариот брат самиот се пријавил во тетовската полиција. 

Со увидот кој го вршат обвинителството и криминалистичката полиција треба да се дознаат причините и останатите детали поврзани со убиството.

Во 2015 година ова е трето убиство во Тетовско.