Тесла – Нов можен гасовод на Балканот
Тесла е името на новиот предлог за гасовотот кој ќе го поврзе Турски тек со Австрија. Според рускиот весник Вједомости, министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Грција во септември треба да го потпишат меморандумот за соработка. Тогаш е најавена и одлука за подготовка на физибилити стдија . Името на Гасоводот Тесла било договорено на првиот состанок на работната група за проектот , кој се одржал на 25 јуни.
Гасоводот, кој е продолжение на „Турски тек“ на руската енергетска компанија Газпром, треба да минува низ Грција, Македонија, Србија и низ Унгарија и да стигне до гасниот чвор Баумгартен во Виена
Проектот бил предаден на разгледување на Евроспката мрежа на оператори на преносни системи за гас, за да добие статус од јавен интерес. Но се уште нема одговор од таму, пишува рускиот весник.
Конечната инвестициска одлука треба да биде усвоена првиот квартал во 2016, почетокот на градба да започне во 2017 та и да биде пуштен во употреба во 2019 та година. Ќе биде во должина од 1,300 до 1,400 километри и со капацитет од 27 милијарди кубни метри, Прелеминарниот трошок би изнесувал од 4 до 5 милијарди евра.
Се разгледува и опцијата на територијата на Грција може да биде изграден излез кон Италија, и во овој случај капацитетот на грчкиот дел би изнесувал 42 милијарди кубни метри и би чинел околу 2 милијарди евра. .
Прокетот треба да добие статус на јавен интерес од Европа, бидејќи планирано е да се финансира од пари од европските фондови. Без тие пари, финанисрањето на гасоводот нема да биде можно.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
