Тесла Модел 3 ќе користи магнетен мотор со редок ресурс од Кина

Автомобилската компанија Тесла предизвика скок на побарувачката за неодимиум, откако најави дека магнетните мотори што ги користи за својот Модел 3 ќе го користат овој редок метал.
Кина е главен производител на неодимиум, поради што Тесла досега одбегнуваше да го користи во своите мотори, стравувајќи дека ќе се изложи на опасноста да остане без доволно количество од овој ресурс. Но, употребата на магнетни мотори од страна на повеќе други произведувачи ја натера американската компанија да се сврти кон неодимиумот.
Магнетните мотори се полесни и поиздржливи од индукциските мотори кои користат бакарни навојки.
Во 2015 година Кина воведе строги ограничувања на извозот на неодмиум со што покажа дека може да ја диктира цената на металот и да им диктира услови на автомобилските компании кои сакаат да промовираат електрични возила. Тојота најави дека место неодимиум ќе користи ги поефтините ретки метали лантанум и цериум, кои се и полесно достапни
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
