Македонија
10. September 2021 - 12:00

Тешко повредено лице на регионалниот пат Струмица-Берово

На 09.09.2021 година во 13.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, кај местото викано „Хамзали“, А.В.(41) од Скопје, управувајки товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.П.(43) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Ново на Сител