Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

Со тешки повреди се здобило едно лице, откако возило удрило во паркиран автомобил во Неготино, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 15.30 часот во Полициската станица - Неготино, пријавено било дека на улицата „Маршал Тито“, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино, појаснија од СВР - Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во неготинската болница.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица - Неготино.
Ново на Сител
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
