Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола

Сообраќајните несреќи се случиле изминатото деноноќие на територија на Скопје, Куманово и Битола, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.
Извршени биле увиди од увидни екипи на секторите за внатрешни работи - Скопје, Куманово, Битола.
Околу 17:20 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А., на возраст од 60 години од главниот град на државава, удрило во пешакот Б.К., 59-годишна скопјанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 59-годишната Б.К., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ - Скопје.
Околу 19:25 часот било пријавено дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово, патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 23 години од овој град, удрило во С.К., 67-годишна сограѓанка. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 67-годишната С.К., констатирани во Општа болница - Куманово.
Во 17:48 часот пак, пријавено било дека на улицата „Смилевски конгрес“ во Битола, мотоцикл удрил во пешакот С.Д., 76-годишна битолчанка и го напуштил местото на настанот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила 76-годишната С.Д., констатирани во болницата во Битола.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
