Тешко повредени две лица во сообраќајка помеѓу четири возила во валандовско
На 02.03.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401, на место викано „Валандовско брдо“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(76) од Струмица, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.П.Ѓ.(45) од Гевгелија и уште едно товарно возило, кое го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „тојота“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во возилото „фолксваген голф“, констатирани во Здравствен дом во Валандово. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
