-->
-->
Тешко повредени двајца мажи во сообраќајка со машина за сечење дрва во Охрид
-->

Охриѓанец се здобил со тешки повреди при сообраќајка сомажина за сечење дрва.
Од МВР известуваат дека вчера во 13 часот и 45 минути на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од 75- годишниот Р.Л од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела.
Во соопштението се вели дека со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот 49- годишниот Р.Р од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
