Македонија
9. July 2018 - 15:32

Тешко повреден велосипедист на пешачки во Битола

На 7 јули годинава во 6:30 часот во Битола на пешачки премин на улицата „Филип Втори Македонски“ патничко моторно возило “Киа Авела“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.А.(24) од село Мојно, битолско удрило велосипед управуван од С.К.(57) од Битола.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.