Македонија
29. December 2023 - 14:05

Тешко повреден тетовец кога со возилото излетал од патот

Вчера во 11.12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(61) од с.Копанце, тетовско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.