Loading Video...
Свет
10. September 2022 - 19:46

Тешка Железничка несреќа во Хрватска

Три лица загинаа, а единаесет се повредени во железничката несреќа која се случи синоќа при судар на патнички и товарен воз во Хрватска. Меѓу загинатите лица има едно дете како и  двајца вработени во железничката станица. Повредените патници, меѓу кои има и петчлено семејство од Иран не се во животна опасност.

Според првичните информации, патничкиот воз не запрел на знакот за застанување и се движел со брзина поголема од 100км/ч при што се судрил со неисправниот товарен воз.

 

Москва испраќа колони со воено засилување во украинскиот регион Харков, откако Украина оствари големи територијални придобивки оваа недела.

Според изјавата на Зеленски, украинската војска со контраофанзива вратила под своја контрола 30 населени места во регионот Харков.

Како одговор на тоа, руската војска истрела ракети кон центарот на градот при што ранети биле повеќе од 10 лица. Зеленски ваквиот напад на Москва го осуди како одмазда за успехот на Украина на бојното поле.

 

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба откако примероци од вирусот на детска парализа биле пронајдени во отпадните води во три окрузи во близина на градот. Гувернерката на Њујорк Кети Хочул одлуката ја донела пред околу еден месец откако болеста била дијагностицирана кај возрасен во округот Рокланд, северно од Њујорк.

Вонредната состојба ќе важи до 9 октомври, а предвидува зголемување на бројот на здравствените работници овластени да администрираат вакцини против детска парализа.

 

Пет лица загинаа откако кит превртел чамец во Нов Зеланд. Чамецот се превртел во градот Каикура во близина на Јужниот остров.

Градоначалникот на Каикура соопшти дека водата била мирна во моментот на несреќата и најверојатно  китот испловил од под чамецот. Според него, поради големиот број на китови во регионот, и во минатото имало сомнежи за  вакви судири.

Инаку, Каикура меѓу туристите  е најпопуларна дестинација за гледање на китови и други морски животни.