-->
-->
Тешка железничка несреќа: Автомобил влечен 300 метри по шините, возачот починал
-->

На железничката пруга Битола – Скопје, утринава се случи кога патнички воз удри во такси возило управувано од битолчанец (56).
Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол.
По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.
Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
