-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар
-->
На 10.08.2022 околу 10.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на крстосница со локалниот пат за с.Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.Ц.(22) од Албанија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“, Л.Д.(18) од Албанија, а со телесни повреди се здобиле уште еден сопатник од истото возило, С.Д.(61) од Албанија и возачот Б.П., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест