-->
-->
Тешка сообраќајка кај „Три чешми“ - шест лица се хоспитализирани
-->
На 11.05.2023 во 19.45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.Ј.(39), Д.С.(37) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
