-->
-->
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-->

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од с.Семениште, општина Сарај, излетало од патот и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од с.Семениште и била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17.40 часот лекар констатирал смрт. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
