Тешка несреќа кај Струмица, интервенирале пожарникари - младо момче се бори за живот
Тешка сообраќајкна несреќа се случила вчера на патот Струмица - Владевци, тешко повредено 23-годишно момче. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 04,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од А.Д.(23) од Струмица, удрило во паркирана приколка, сопственост на Ј.М.(41) од Струмица. Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица. Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица. Во времето од 05,20 до 11,00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка