-->
-->
Тешка кражба во Виница, од дуќан украдени скоро осум илјади евра евра
-->
Во текот на вчерашниот ден во 07:20 часот телефонски во Полициската станица -Виница, Г.М. (32) од Виница пријавил дека на 20/21.09.2018 година во времето од 20,30 до 07,20 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за бела техника и санитарија, лоцирана во приземниот дел во зграда во Виница, сопственост на С.М (62) од Виница.
Од фиока од работно биро одземени се 1.651 денари, а потоа од канцеларијата одземен е метален сеф (во кој имало 6.910 евра и 49.651 денари).Истиот ден, во 17,45 часот телефонски во ПС-Виница, Н.Т. од Виница , пријавил дека во атар на с.Виничка Кршла пронашол метален сеф со видливи оштетувања од насилно отварање во пределот на бравата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина