Тердос во ОН: Војната има разурнувачки здравствени последици за украинскиот народ
– Првиот човек на Светската здравствена организација предупреди на катастрофалните последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи и нагласи дека „мирот сега е неопходен лек за спасување животи“.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред Советот за безбедност на ОН вчера изјави дека организацијата потврдила 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина, со 12 мртви и 34 ранети.
Тој преку видео врска кажа дека „нарушувањето на здравствените услуги и снабдувањето претставува екстремен ризик за луѓето со кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, ХИВ и туберкулоза, кои се меѓу водечките причини за смрт во Украина“.
Шефот на СЗО дополни дека бегалството на едните и големите маси народ во засолништвата кај другите, веројатно ќе го зголемат ризикот од болести како што се Ковид-19, сипаници, пневмонија и детска парализа.
-Покрај тоа, повеќе од 35.000 ментални пациенти во украинските психијатриски болници и установи за долгорочна нега се соочуваат со сериозен недостиг на лекови, храна, здравствена заштита, па дури и ќебиња, рече тој.
Досега СЗО испратила околу 100 тони медицински материјал, што е доволно за 4.500 ранети и 450.000 пациенти од примарната здравствена заштита за еден месец, како и друга опрема.
Ново на Сител
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
