Македонија
18. October 2022 - 16:35

Тепачката од „Бисер“ се преселила кај Универзална - Малолетничкото насилство ги загрижува социолозите

Групната тепачка меѓу малолетници пред трговскиот во Аеродром била спречена, но децата се собрале повторно на друга локација. Според информации на Сител, малолетниците се чекале на партизанска кај универзална за да ја завршат пресметката. Бројката од 300 средношколци во овој инцидент ја вознемири јавноста. Во полиција биле повикани тројца родители со децата кои биле организатори на оваа тепачка.

Социолозите сметаат дека проблемот лежи токму во институциите и  образовниот систем. Овие групни тепачки се резултат на револт кој е се по присутен меѓу адолесцентите кои се чувствуваат занемарено во општеството.

Само во октомври се регистрирани 19 тепачки во кои се оштетени малолетници, а во `10 случаи и сторителот и повредениот биле под 18 години. Најчесто овие инциденти се случуваат за време на викендите.