Теодорикакос: Секојдневно околу 1.500 мигранти кај Еврос се обидуваат од Турција да влезат во Грција
Од почетокот на годината над 160.000 бегалци и мигранти се обиделе, нелегално, кај Еврос од Турција да влезат во Грција, а секојдневно околу 1.500 лица се обидуваат да ја поминат копнената граница меѓу двете земји, според министерот за цивилна заштита на Грција надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, Теодорикакос истакна дека нелегалните обиди за влез во Грција се веќе секојдневие, но начинот е поразличен во споредба со ситуацијата во март 2020 година кога имаше масовен обид за преминување на грчко –турската граница кај Еврос.
-Феноменот се повторува на различен начин. Во февруари и март 2020 година беа одведени неколку илјади луѓе на конкретно место, а сега, на организиран начин ги водат по должината на реката што претставува природната граница меѓу Грција и Турција, рече Теодорикакос. Додаде дека полицијата, заедно со војската и жителите на Еврос на ефикасен начин го спроведуваат конкретниот план за заштита на границата, паралелно истакна дека нивната порака е дека го спроведуваат меѓународното право, ги чуваат границите на Европа и нема да дозволат нелегална миграција.
-Ние ги информираме нашите европски партнери за она што се случува. Ги имам информирано моите хомолози. Грчката полиција учествува во ФРОНТЕКС, која е дел од операциите на грчката полиција за да има силна порака за спречување на нелегалната миграција.
Ова се активности кои покажуваат дека Грција е столб на стабилност, ефикасно ги чува своите граници во соработка со соседните земји, истакна надлежниот министер и ја спомена неговата неодамнешна средба со бугарскиот министер за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево