Теодоракис: Северните соседи не се опасност за Грција
Ставот дека Река сака решение на спорот со името и уште од почеток е со јасна позиција, го повторува лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис во интервју за грчкиот весник „Етнос“ и додава дека „Грција не е во опасност од северните соседи“.
– Прашувам: ќе имаме повеќе проблеми ако нашите соседи се членки на ЕУ или протекторат на Турците и Русите? Бидејќи, очигледно, ако им го пресечеме патот кон Европа, некаде ќе се вклучат и тие. Значи, за неколку седмици, ние Грците треба да донесеме важна одлука: Ќе кажеме „не“ на промената на нивното име од Македонија, како што денес сите ги признаваат, во Северна Македонија? Ќе се судриме со сите наши сојузници кои го поддржуваат договорот? Ги преброивме последиците за грчко-турските односи? За нашата економија?, вели Теодоракис во интервјуто за грчкиот весник, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на неговиот коментар за изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев, лидерот на Река вели „Егејски Македонци постојат, но зборуваат грчки“. Додава дека нема да молчат за ставовите од македонска страна и истакнува дека ако има повлекувања од обврските предвидени со Договорот од Преспа, тогаш договор не постои.
-Тоа што сакаме решение не значи дека ќе молчиме пред апсурдите што ги кажуваат – кога ги кажуваат – нашите соседи. Договорот наведува дека јазикот на ПЈРМ припаѓа на групата јужнословенски јазици. Исто така, прифатија дека немаат никаква врска со античката грчка култура и наследството на грчката Македонија. Сето ова мора да се отслика во нивниот Устав. Ако се повлечат од ова, тогаш очигледно нема договор, вели Теодоракис, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
-

УХМР најавува натпросечно жешко лето, јули најкритичен месец
-

Андроид функции кои го олеснуваат секојдневното користење на телефонот
-

Спречено криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места
-

Изгубил контрола над возилото, а потоа удрил во 46-годишен работник од Кина и тешко го повредил

