-->
-->
Темни облаци над Македонија: УХМР најавува невреме до вечер
-->
Нестабилнaта воздушна маса полека се преместува кон исток, односно од албанското подрачје полека се префрли на нашата територија.
Нестабилна облачност има во југозападниот дел од земјата и го зафати охридско струшкиот и дебарскиот регион.
Нестабилно време со поројни врнежи и грмежи се очекуваат од попладне и во текот на ноќта. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни, особено во западните делови, а ќе дува и засилен јужен ветер.
Локални врнежи од дожд со ретки грмежи ќе има и утре претпладне, а во текот на денот постепено ќе престануваат. Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Во наредните денови ќе провладува стабилно време и малку посвежо но понатаму температурата ќе има тенденција во постепен пораст, која во среда ќе достигне до 32, четвртток 33, петок 34, сабота до 35 и недела до 36 степени.
Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе ја зафати целата наша земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари