-->
-->
Темелковски нов тренер на Еурофарм Работник
-->
Нов тренер на екипата Еурофарм Работник од Битола е Илија Темелковски. Тој ќе го замени Андон Бошковски кој спогодбено го раскина договорот со битолскиот суперлигаш.
- Со голема чест и задоволство ја информираме спортската јавност дека за нов тренер на РК Еурофарм Работник е назначен Илија Темелковски. Докажаниот ракометен тренер и поранешниот селектор на машката младинска и сениорска ракометна репрезентација, потпиша двогодишен договор со нашиот клуб. Предизвиците и зацртаните цели на екипата во оваа сезона се големи. Раководството на клубот смета дека со изборот на Илија Темелковски за прв тренер на екипата зацртаните предизвици и цели ќе се остварат во целост, пишува клупското соопштение.
Темелковски го предводеше тимот на Пролет од Скопје, а ова лето со младинската репрезентација на Македонија го освои 6.место на СП во Алжир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени