Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото

Вселенскиот телескоп „СФЕРЕКС“ (SPHEREx) на НАСА почна мисија на мапирање на целото небо. Задачата е да го заврши тој процес во рок од две години, со што ќе се прошират научните сознанија за раниот универзум, посочи американската Национална воздухопловно-вселенска администрација.
Испратен во ниската Земјина Орбита на почетокот на март, „СФЕРЕКС“, по завршувањето на поставувањето на системот и валидацијата, неодамна почна да снима слики и набљудувања. Телескопот ќе врши 14,5 обиколки околу Земјата секој ден, снимајќи околу 3.600 слики дневно од целата Вселена. Истражувањето ќе трае 25 месеци. Вселенското летало ќе орбитира околу Земјата од север кон југ, минувајќи преку половите. Набљудувањата на крајот ќе создадат четири мапи на „целото небо“.
„Како што минуваат деновите и планетата се движи околу Сонцето, видното поле на телескопот ќе се промени, така што по шест месеци ќе го има видено универзумот во сите правци“, се вели во известувањето на НАСА.
Истражувачите ќе ги користат набљудувањата на телескопот за проучување на ширењето на Вселената во времето по Големата експлозија. Истовремено ќе се бараат и можни знаци и признаци на живот во галаксијата Млечен Пат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
