Бизнис
3. September 2019 - 19:46

Телекомуникациската компанија оне.Вип се ребрендира во А1

Од денеска, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 .Компанијата го менува името, логото, и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративната веб страница, нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.. Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 ќе добијат  бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB. Од менаџментот на операторот најавија и подобри услуги за постојните и нови корисници. Велат дека инвестициите нема да запрват, туку напротив, забрзано ќе се реализираат во периодот кој следи.