Телеграма со сочувство од премиерот Заев за смртта на Оливер Драгојевиќ

Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.
Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни
- Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело. Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојеви, напиша Заев во телеграмата упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
