Телефонски разговор Путин-Ердоган
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што јави ТАСС, Песков за подоцна најави подробности од разговорот, кој се одржала на иницијатива на руската страна.
Кабинетот на Ердоган од своја страна соопшти дека телефонскиот разговор бил „многу плодотворен и позитивен“.
Ова е првиот разговор меѓу Путин и Ердоган откако во ноември Турција собори руски воен авион од типот Су-24 во реонот на границата со Сирија. Притоа едниот пилот беше убиен при падот по катапултирањето, а вториот беше спасен од сириската армија.
Во понеделникот Ердоган испрати писмо до рускиот претседател во кое изрази жалење за гранатирањето на авионот.
Од друга страна пак, денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, изрази сочувство до целиот турски народ во врска со терористичкиот напад во Истанбул.
- Сатанскиот масакр на аеродромот во Истанбул е заедничка, општа болка. Тероризмот не познава национални разлики, изјави портпаролката Марија Захарова.
- Во вчерашниот сатански масакр загинаа и беа ранети луѓе од најразлична национална, класна и верска припадност и од најразлични убедувања и погледи, нагласи Захарова.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати