Текстилната индустрија предлага придонеси од 5.130 денари за плати до 18.000 денари

Здружението на текстилна индустрија и конфекција при Стопанската комора на Македонија предлага во текстилната и кожарската индустрија придонесите што се плаќаат за плати од 12.000 до 18.000 денари да бидат исти, односно 5.130 денари колку што сега изнесува придонесот за минималната бруто плата.
Со ваквото решение, сметаат од Здружението, ќе се овозможи зголемување и на платите на работниците кои земаат над 12.000 денари и би се искоренила исплатата на платата во кеш.
- Со едно вакво решение би добиле можност за зголемување на платите и на подобрите работници и скоро би се искоренила исплатата на платата во кеш затоа што придонесот ќе се замрзне на 5.130 денари колку што изнесуваат придонесите на минималната бруто плата, истакна Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна индустрија и конфекција.
На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, Димитров рече дека предлагаат ова да важи три години. Додаде дека сеуште немаат разговарано со Владата, но оти очекуваат во следниот период да се одржат состаноци на кои ќе се направат анализи дали овој нивни предлог може да се примени во пракса.
Од поднесените барања за финансиска помош од државата за исплата на зголемена минимална плата за околу осум илјади работици, како што посочи Димитров, позитивно мислење е добиено само за шест илјади работници.
Една од причините за малиот број на работодавачи кои побарале финансиска помош од државата, според Димитров, е сложеноста на софтверот во Управата за јавни приходи поради што најави дека ќе бараат средба со надлежните во следниот период со цел да се надмине овој проблем.
Очекувањата на Здружението на текстилна индустрија и конфекција за следниот период се поволни, односно како што велат, побарувачката сеуште е значајна и македонските текстилни компании сеуште се интересни за странските партнери пред се поради близината до европскиот пазар и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
