Тејлор Свифт е новата Инстаграм кралица
Долго време на тронот беше Бијонсе која на нејзиниот Инстаграм профил забавуваше милиони луѓе во светот, но минатата недела беше соопштено дека била надмината од реалити ѕвездата Ким Кардашијан. Сега имаме нова Инстаграм кралица, а тоа е популарната млада пејачка Тејлор Свифт.
25-годишната пејачка има повеќе од 45,6 милиони пријатели од целиот свет, а новите спотови „Wildest Moments“ и настапите со познати пријатели се добитна комбинација, со која ги победи и голите фотографии на Ким Кардашијан.
Сепак, семејствата Кардашијан - Вест се во добри однсои. Кање и Тејлор денес се пријатели, а по МТВ ВМА доделувањето награди дури и испрати цвеќе. Тејлор секако се пофалли на Инстаграм. Освен тоа, Тејлор најмногу споделува фотографии од нејзините настапи, ја обожава нејзината мачка, пријателките и момчето Келвин Харис.
Всушност, сето тоа е многу нормално, само што нејзиниот живот е под лупа во јавноста.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид