-->
-->
Тажна вест: Почина актерката Мушереф Лозана
-->
Лозана била родена на 18-ти август 1933-та, во Приштина. Била членка на обласното позориште во Приштина, а потоа од 1955, па се до 1991 била членка на турската драма на театарот на народностите во Скопје.
Нејзини истакнати улоги се скамполо и мирандолина во истоимените дела, ана во „Мајка храброст“, Емина во „Лудата Емина“, Долорес во „јерма“, капларот во „Кавкаски круг со креда“.
Мушереф Лозана Прекиќ, во 2016 година го доби признанието „13 ноември“, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје. Погребот е утре, од 15 часот, на гробиштата „Бутел“, а додека, пак, комеморацијата е закажана за 2 април (вторник) во 12:00ч. во театарот „Комедија“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
