ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, во период од 24 часа.
Одлуката на Тав Македонија доаѓа откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамки на анализата на условите и режимот за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, од ТАВ Македонија побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап.
– По доставеното барање, ТАВ Македонија ја извести Комисијата дека ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата ја поздравува одлуката на ТАВ Македонија за повлекување на мерката и ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот, информираат од Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Комисијата, велат оттаму, останува посветена на заштитата на конкуренцијата и ќе продолжи да постапува во рамки на своите законски надлежности секогаш кога постои можност одредени услови или мерки да имаат влијание врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
