Таткото на Небојша Ројко: Мојот син е ситен крадец, но ако ја убил јелена, лично ќе му пресудам

Додека вчера од Јелена Крсмановиќ на гробиштата Збег во Борча се простуваа пријателите и роднините, полицијата во населбата Црвенка претресувала повеќе куќи и го привела Игор Ројко (33), кој живее недалеку од местото каде Јелена исчезнала.
Неколку часа подоцна Игор е пуштен, но полицијата се уште трага по неговиот помлад брат Небојша, со прекар Вихор. Игор не е осомничен туку е испрашуван во својство на граѓанин, велат во полицијата.
Таткото на упасениот, Франц Ројко дал изјава за српски Курир:
-Беше полицијата со неколку автомобили. Двaесетина полицајци и инспектори ја пребараа целата куќа, гаражата и помошните згради, а кога завришија со тоа, го приведоа мојот син. Имам уште еден син, помлад, и него го бараа но тој утрово замина од дома и не знам каде е.
Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката на „Гранд“ но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.
-Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека тој е поврзан со убиството, но ако тоа го сторил, јас ќе бидам тој кој лично ќе му пресуди – изјавил Ројко.
Во дворот на Ројко има куќа и гаража, а зад гаражата има мост преку каналот кој води до насипот по кој трчала Јелена. Тој мост е одалечен неполн километар од местото на злосторот.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
