Татко со палка го претепал силувачот на неговата 19 годишна ќерка
За физички напад е обвинет 47-годишен маж од Минхен, откако со дрвена палка го претепал силувачот на својата 19-годишна ќерка.
- Девојката била во пријателски односи со 37-годишникот неколку недели, како што пишува Билд. Кога ја поминале ноќта во станот на една од пријателките на мажот, тој наводно ја силувал и ја претепал. Наредното утро 19-годишната девојка успеала да побегне од станот, но мажот ја следел и ѝ се заканил со нож на улица.
Таа во паника му се јавила на својот татко кој живеел недалеку од населбата во која сѐ се случувало. Истиот четврток наутро, тој се возел со својот автомобил до квартот Берг ам Лаим и ја алармирал полицијата на пат до местото каде што го повикала неговата ќерка.
Кога стигнало до средба на таткото и силувачот на Креилерштрасе, ситуацијата ескалирала.
„При оваа расправија, 47-годишникот неколку пати го удрил 37-годишниот со дрвената палка што ја носел“, соопшти полицијата
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија