Балкан
13. јуни 2016 - 12:23

Татко на три дечиња замина во смрт

 
Татко на три дечиња замина во смрт. Викендов во Кикинда, Зоран Терзин почина зад воланот откако најверојатно додека возел доживеал инфаркт.
 
43-годишниот Зоран ги остави зад себе сопругата и трите мали дечиња. Неговиот шлепер излетал од патот откако тој поради ударот загубил контрола.
 
- ЗОран никогаш повеќе нема да се врати од пат, лелекала неговата сопруга.
 
Поради сивата коса и брадата тој го носел прекарот Исус.