Тарзан се враќа на големото платно

Кралот на џунглата, Тарзан ќе се врати на големото платно, преку новиот акциско-авантуриситчки филм на продукциската куќа „Ворнер Брос“ - „Легендата за Тарзан‟.
Главниот лик во филмот ќе го глуми Швеѓанецот Александер Скарсгард, познат од серијата на Ејџ-Би-Оу, „Вистнска крв‟.
Сите детали од филмот се уште не се познати, но од трејлерот може да се види дека овој пат ќе уживаме во љубовна приказна меѓу Тарзан и Џејн, која ќе ја толкува Маргот Руби.
Тие двајца ќе се вратат на опасностите и непредвидливите авантури во џунглата, каде сега цивилизираниот Тарзан мора да им се врати на своите диви корени.
Во филмот исто така глумат и Семјуел Л. Џексон, Џимон Хунсу, Џон Харт, Џим Броудбент и Кристоф Валц.
Режијата е на Дејвид Џејтс, додека за сценариото се задолжени Адам Козад и Крег Бревер.
Во кината филмот може да се очекуваме на 1 јули 2016 година, а ќе биде дистрибуиран во 2Д и 3Д формат.
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
