Тарнбул: Кина може да го сопре Ким Џонг-ун
Австралискиот премиер Малком Тарнбул истакна дека северонокрејскиот лидер Ким Џонг-ун е суров и злобен човек, констатирајќи дека Кина треба да вложи напори со цел да ја сопре неговата агресија.
- Доколку Кина прекине да ја снабдува со нафта Северна Кореја, ќе изврши силен притисок врз режимот на Ким. Кина може да го направи тоа, изјави Тарнбул за телевизијата Еј-Би-Си.
Тој додаде дека непрекинато добива информации за слични дејствија, кои може да ги преземат САД.
- Кинезите се разочарани и изненадени од однесување на Северна Кореја, но Кина има најсилни средства за влијание, а со тоа и поголема одговорност. Токму сега Ким одлучи да ја предизвика Кина и тоа наложува посилен одоговор, потенцираше австралискиот премиер.
Тарнбул посочи, дека Северна Кореја не е „марионета“ на Кина, но според него, Пекинг уште повеќе може да ги ограничи економските врски со Пјонгјанг, со цел да им изврши притисок за прекинување на нуклеарните проби.
На прашањето дали мисли дека Ким е злобен човек, австралискиот премиер одговори дека „тој редовно убива членови на неговото семјество. Тоа е сурова и злобна диктатура. Тој го осудува неговиот народ на глад. Тоа е опасен, провокативен и незаконски режим, што ги загрозува мирот и безбедноста во светот и негова единствена цела е да ја зачува диктатурата на едно семејство во Северна Кореја“.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште