Тарчуловски вети решавање на многу проблеми: Да ги прескокнеме сите политички бариери, судбината на државата се решава на овие избори
Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски продолжува со посетите на населените места во општината, каде граѓаните му даваат голема поддршка. Тој беше во посета на населените места 11-ти Октомври и Градинар. Од таму порача дека никој не може да ги крои судбините на граѓаните, само човекот и никој друг.
Тој порача дека клучот за целиот успех на општината е градот Скопје да остане во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека ако некој друг одлучува и големите проекти кои што се во рацете на градот Скопје, не можат сами да ги спроведат ќе биде голем проблем за сите нив.
-Знаеме ние колку ние моќта на општината, знаеме со што располагаме, знаеме колку проблеми имаме и знаеме како тие проблеми да ги надминеме. Како што се бориме за општината, за градоначалникот, за Советот, така исто да гласаме и за Коце Трајановски и за Советот на град Скопје. Од тука доаѓа нашата сила после избори да се бориме и за предвремени парламентарни избори, тука е нашата сила и тука нашата јачина. Ако покажеме на овие избори колку сме сложни ќе се замислат и другите со каква сила си имаат работа, изјави Тарчуловски.
Тарчуловски дека тие немаат од што да се кријат, немаат од што да се срамат, немаат за што да се заклучуваат во канцеларија.
-Целта и поентата наша е со огромна и голема разлика на овие избори, да им ставиме на ум, да не помислуваат дека и наредните избори некој ќе застане против нас во Кисела Вода. Сите се знаеме, сите се познаваме, јас од овде не очекувам да правам име. Јас можам да одам низ цела Македонија и да одам и да се сликам со луге, мене ми е да дојдам овде да помогнам, мене ми е заедно со Орце да направиме за другите што доаѓаат после нас, изјави Тарчуловски.
Тој во посетата во населеното место Градинар кажа дека секогаш имале голема поддршка и доверба таму од граѓаните, а дека на таа поддршка и доверба мора да се возврати.
-Секој проблем кога е мал полесно се решава, ако не го решаваме ќе стане уште поголем и ќе израсне и нов и нов и нов, ако не ги решаваме влегуваме во еден затворен круг од кој не можеме да излеземе. Но да бидеме свесни дека ако не сме сложни, ако не сме сите заедно ако не направиме резултат со кој што ќе се исплашат сите други, ништо нема да направиме. Победа како победа не значи ништо, ако не е огромна победа. Таа огромна победа ќе ни даде сила на сите нас, изјави Тарчуловски.
Тарчуловски кажа дека тие ова го градат и почнуваат да се борат за идните генерации, да размислуваат за идниот мандат, за следниот градоначалник кој ќе работи после него да му ја остават општината две скалила погоре.
-Ако не мислам дека јас и Орце можеме тоа да го направиме, не би ни тргнале во ваква приказна луге. Ние не сме анонимци некои, па да не не познава никој, не знае цела држава, не сакам да се брукам тука, утре да се срамам да излезам на улица, ако не успееме да направиме нешто
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема

