Македонија
13. February 2021 - 13:52

Таравари за несреќата во Ласкарци: Во хибридни режими никогаш нема разврска за вакви судски случаи

Во хибридни режими никогаш нема разврска за судски случаи како несреќата во Ласкарци, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

На прес-конференција по повод Меморијалниот марш посветен на трагедијата, Таравари рече дека граѓаните кои го загубија животот никогаш нема да бидат заборавени.

-Во хибридни режими никогаш нема разврска за судски случаи. Во хибридни режими има разврска за судски случаи каде што се украдени 10 кебапчиња или на пазар, или пак е даден поткуп 1000-3000 денари. Таму има судска разрешница веднаш, но за вакви случаи, посебно каде што има сомнеж дека сопственици на компании се дел од партиите кои се на власт, нема да има разрешница додека не се смени власта, вели Таравари.

Рече дека откако ќе се смени власта сигурно ќе има разрешница на овој случај.