Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството
Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии. Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање на мито од 20.000 евра.
- Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутрете го исклучивме од партија. Сите што грешат, ние ниту сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции, изјави Таравари.
Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.
-Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата, рече Таравари.
Прашан за случајот со починатиот пациент на Каридиохиргија, Таравари одговори дека извештајот е готов.
- За кардиохирургија мислам дека е готов, но не сум го прочитал, ви кажав од санитарен инспекторат е пристигнат, прочитав и од новинарите што е констатацијата. Така што, ќе видиме за понатамошните чекори, што ќе биде преземено, вели Таравари по посетата на болницата во Куманово.
Ново на Сител
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија
-
Поевтинуваат сите горива