Тамара се огласи по пишувањата на медиумите дека се разведува
Тамара Тодевска во долг статус на „Фејсбук“ реагираше на последните написи поврзани со нејзиниот приватен живот, разводот со нејзиниот сопруг и наводната кавга со Катарина Ивановска.
„Драги мои…
Сакам да Ви се обратам и да Ви кажам дека мојот приватен живот е само мој и ниту еднаш не сум се согласила да го делам и со тоа да бидам храна за медиумите кои се во вечна потрага по сензационализам.
Позади мене е еден исклучително напорен период и јас сето тоа го крунисав со одличен концерт. Патем им се заблагодарувам на сите медиуми кои пишуваа за мене и за овој мој значаен настан. Последните пишувања ,во врска со мојот брак како и за мојата пријателка и наводните приказни во написите нема да ги коментирам ,но сакам да ви соопштам дека сите мои животни одлуки се само мои и ничии други. На крајот од денот оставам секој еден да постапува според своите размисли и етички принципи .Но вулгаризирањето и девалвирање на моето име ,како и спомнување :должење пари ,љубовен триаголник и останати глупости…Чаршиските муабети секогаш постоеле и ќе постојат, но мојата мисија е да ширам љубов, да верувам во чуда, да сонувам за уште поголеми успеси и да ги правам луѓето среќни. Со мојот концерт созреав и научив да бидам храбра и да си верувам себеси ….сите приземни муабети ќе имаат кратко паметење и ќе биде храна за хиени. Јас сакам да го освојам универзумот, мојата музика е мојот живот, а мојата публика да се идентификува,да плаче, да се смее со мене …… Ја имам пред себе најголемата задача, да бидам добра и одговорна мајка на моето дете, да работам вредно и да му обезбедам убав и безгрижен живот, горенаведените наслови по порталите сигурно нема да ми помогнат во тоа ,но јас сепак сум едно среќно дете и ви порачувам да се сакате и да бидете среќни !
Ваша Тамара
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички