„Талир“ на СЈО одложен за 16 април
Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното Јавно обвинителство во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски и Леко Ристоски обвинети само за делото „перење пари“ е одложено за 16 април. За истото дело, како правен субјект со обвинението е опфатена и партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Адвокатите на обвинетите побараа од судијата Осман Шабани да го одложи рочиштето со образложение дека со СЈО се договориле да им достават ЦЕ-ДЕ со вербални докази на сведоци по кое би ја подготвиле и одбраната.
На почетокот на денешното судење, обвинителката Ленче Ристовска побара од судот да ја издвои постапката за обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство, со цел, како што рече, непречено одвивање на процесот
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале парите да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни луѓе.
Ново на Сител
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ