-->
-->
Талибанци каменуваат млада Авганистантка до смрт поради прељуба
-->

Радио слободна Европа објави видео од каменување на 19-годишна Авганистантка во провинцијата Гхор. Двеминутното видео покажува како група мажи фрлаат камења врз младата жена закопана во земја до главата. Многумина од нив снимаат со своите мобилни телефони додека таа бара прошка и помош.
Мохамед Заман Асум за суровиот чин ги обвини талибанските милитанти. Според неговите зборови 19-годишната Рокхсахана е каменувана до смрт поради обвинение за предбрачен секс со 23-годишниот Мохамад Гул кој бил казнет со камшикување.
Нејасно е зашто жената ја добрила најстрогата казна иако е познато дека талибанските судови се поблаги во однос на казните на мажите.
Азими рекол дека казната е извршена во селото Гхалмин. Младиот пар наводно избегал од своето семејство во обид да најдат место за да стапат во брак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
