-->
-->
Талентиран Бугарин во дресот на „штрковите“
-->
Еден од најталентирани европски кошаркари во својата генерација, 19-годишниот Бугарин Јордан Минчев е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Минчев во редовите на екипата од „Јане Сандански“ доаѓа на едногодишен заем од таборот на европскиот шампион Фенербахче.
Станува збор за кошаркар кој игра на позициите бек-шутер и ниско крило и кој лани потпиша шестгодишен договор со тимот од Истанбул како една од идните ѕвезди на турскиот гигант.
Своето професионално деби го имаше во софиски Левски во сезоната 2014/15 и зад себе има пет настапи во АБА-лигата, 27 средби во првенството на Бугарија и 14 натпревари во Балканската лига (БИБЛ). Во февруари годинава беше позајмен на српскиот тим Вршац. Минчев е и актуелен бугарски репрезентативец.
Ангажманот на Минчев е плод на добрата соработка на МЗТ Скопје Аеродром со челните луѓе на Фенербахче, која би требало и да се засили во периодот кој претстои.
Тој е веќе во Скопје, ќе биде дел од експедицијата која утре ќе замине за Белград на задутрешниот меч против ФМП, но дебито во сино-белиот дрес ќе го има следниот понеделник во мечот од 3. коло од АБА-лигата на домашен терен против Задар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ