-->
-->
Тајван тврди дека австралиски воен брод пловел низ Тајванскиот теснец
-->

Тајван утринава соопшти дека австралиски воен брод пловел низ Тајванскиот теснец, тесен воден пат што го одвојува тој демократски уреден остров од Кина.
Бродот, чие име не се наведува, вчера влегол во теснецот и пловел во јужен правец.
Јуан Греам, висок аналитичар во Австралискиот институт за стратешка политика, рече дека австралиската морнарица веќе поминала низ Тајванскиот теснец, но „одлучила да не го објави тоа“.
- Австралиската морнарица минува низ Тајванскиот теснец бидејќи тоа е најкратката рута меѓу Источното и Јужното Кинеско Море. Ова е само користење на меѓународното право на минување низ тој теснец. Тоа не е спорно подрачје на меѓународното право. Кина самата одлучува од тоа да го направи проблем, додаде Греам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
