Тајван објави дека 25 кинески воени авиони навлегле во неговиот воздушен простор
Министерството за одбрана на Тајван утринава соопшти дека во изминатите 24 часа 25 кинески воени авиони ја поминале средната линија на Тајванскиот теснец.
Тој теснец е предмет на меѓународен спор, Кина тврди дека има суверенитет над него, а средната линија, позната и како Дејвис линија, е одредена во 1955 година и се смета за граница меѓу двете страни.
Во соопштението се наведува дека кинеските борбени авиони Су-30 и Ј-11 навлегле на територијата на Тајван, а нема информации дека Кина вчера и денеска ги продолжила воените вежби.
Тајванските власти рекоа дека Кина најверојатно ќе спроведе воени вежби во близина на островот како одговор на посетата на тајванскиот потпретседател Вилијам Ли на САД.
Тајпеј изјави дека и Кина ја користи посетата како изговор за заплашување на гласачите пред претседателските избори што треба да се одржат во Тајван следната година.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта