Тајван најави одговор на кинеските воени вежби
– Официјалната тајванска Централна новинска агенција објави дека војската на Тајван ќе спроведе артилериски вежби со боева муниција во јужниот дел на округот Пингтунг во вторник и четврток како одговор на кинеските вежби.
Агенцијата информира дека вежбите ќе вклучуваат снајперисти, борбени возила, оклопни возила, како и напаѓачки хеликоптери, повикувајќи се на анонимен извор.
Во меѓувреме, тајванското Министерство за транспорт соопшти дека летовите низ неговиот воздушен простор постепено се обновуваат бидејќи повеќето известувања за кинески воени вежби во близина на островот „повеќе не се во сила“. Сепак, Министерството во соопштението наведе дека Тајван ќе продолжи да ги насочува летовите и бродовите подалеку од кинеската воена вежба во близина на неговиот источен брег до 10 часот по локално време во понеделник наутро.
Тајванскиот совет за прашања на копното (MAC) ги повика властите во Пекинг „да бидат воздржани и веднаш да престанат со сето нивно воинствено однесување“. Советот ја обвини Кина дека продолжува со воените вежби околу Тајван „како дел од симулирање напад и блокада заради заплашување на Тајван и соседните земји“.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор