Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19

Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен.
Тајван ќе испрати седум милиони маски во 11 европски земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Германија, кои имаат најголем број на случаи, потврди за ДПА тајванското Министерство за надворешни работи.
САД ќе добијат два милиони маски и дополнителни еден милион маски ќе бидат испратени до 15-те дипломатски сојузници на Тајван, но Министерството не објасни точно кои сојузници би добиле маски или колку.
Тајван сега е вториот најголем производител на маски во светот и наскоро ќе може да произведува 15 милиони хируршки маски на ден, рече претседателката.
Од 9 април, секое лице опфатено со националното здравствено осигурување на Тајван ќе добива по девет маски на секои 14 дена. Тие се дизајнирани да се носат само еднаш. Маските досега се распоредуваа по три за лице за една седмица.
До вчера, на Тајван беа регистрирани 322 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои пет лица починаа, а 39 пациенти се излекувани, соопшти Центарот за справување со епидемијата.
Ново на Сител
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
