Тајно снимал гатачки за да докаже дека не се видовити (видео)

Американскиот комичар Тејлор Фишер организираше мала „турнеја“ низ салоните на гатачките и видовитите во Њујорк, со цел на луѓето да им демонстрира дека т.н. претскажувачи на судбината всушност се обични шарлатани.
Поточно, во прашање се шарлатанки, бидејќи сите „видовити“ кои ги посетил Фишер биле жени.
Тој на сите им ги поставувал истите прашања за да види колку ќе се разликуваат нивните одговори. Фишер ги прашувал колку долго ќе живее, дали ќе се ожени и дали ќе има деца, но и какво ќе биде времето.
Одговорите биле различни, па Фишер тврди дека со тоа ја докажал теоријата за шарлатанство на „видовитите“.
Но, на крајот од видеото Фишер сепак оставил сцена која кај некого може да потикне сомнеж во неговиот доказ дека сите видовите се шарлатани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
