Балкан
6. April 2017 - 8:44

Тага: Трагично настраданите близнаци погребани покрај бабата

Неда и Милан Павловиќ (18), близнаците од Ниш кои на 2. април загинаа во експлозија на плинска боца, се погребани вчера на нишките Нови гробишта.

Мајката, тетката, роднините и школските другари ги испратија до вечното почивалиште со солзи и неверување.

Поворката со околу 1.000 луѓе, ученици од гимназијата „Светозар Марковиќ“ каде одеше Неда, ученици од Правно-биротехничкото училиште каде учеше Милан, се собраа околу гробовите на своите другари.

Телата на близнаците се положени во гробот на нивнаа баба по мајка, која починала пред 26 години, а мајката и тетката во чија куќа се случи трагедијата не престануваа да плачат. Донесени се со амбулантно возило на погребот, зошто и двете беа повредени во експлозијата.

Еден од присутните роднини рече дека Ивана Цветковиќ, тетка на настраданите деца, вчера ја напуштила болницата, додека нејзината сестра Наташа, мајка на настраданите деца и натаму се лекува на Клиниката за хирургија во нишкиот Клинички центар.