Тачи побара од безбедносните структури итни чекори против тероризмот
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска одржал средба со раководителите на безбедносните структури на Косово од кои побарал преземање итни мерки за спречување на тероризмот.
- Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска имаше средба со првите луѓе на главните институции кои се грижат за редот и законот,со кои разговараше за превземање нопходни мерки во борбата против тероризмот,радикализмот и екстремизмот,-стои во соопштението од Кабинетот.
Според весникот, иако јасно не се наведува од што е загрозена безбедноста на земјата,Претседателот ги потсетил соговорниците дека Косово не само што било„земја на потекло на екстремистите, туку било и цел на планирани терористички напади“.
Тачи побарал од нив, во согласност со законот и надлежностите што ги имаат институците, да превземат итни чекори за да се гарантира безбедноста на Косово во секакви околности.
-Тој рече дека Косово не е само земја на потекло на екстремистите и фундаменталистите,туку и цел на планирани терористички напади,додека благодарение на успешната работа на органите на редот и безбедноста,овие напади се спречени,-пишува во соопштението.
На крајот од соопштението се наведува дека Тачи побарал да продолжи максималната ангажираност и одлучност во овој правец,за да се спречи било каква закана по редот и безбедноста на граѓаните на Косово.
Ново на Сител
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам